Видео од нападот врз новинарката на „Фокус“

by fokus 19:06
19:06

Новинарка на „Фокус“ денеска беше вербално нападната на протестот на ВМРО ДПМНЕ пред Кривичниот суд.

Прво неколку демонстранти им забрануваа на новинари да снимаат и им упатуваа навреди и закани. Кога новинарката го подигна телефонот, еден од демонстрантите се приближи и го бутна што е видливи од видеото снимено од други новинарски екипи. Тоа се повтори уште два пати се додека телефонот не падна на земја. Навредите и заканите продолжуваа се додека новинарката не се одалечи од толпата.

- Advertisements -

Уште еден таков напад денеска се случи пред судот и против новинар на Макфакс, кој бил бутнат од симпатизер на ВМРО ДПМНЕ додека линковски известувал за протестот.

Поврзани новости