Видео од ерупцијата на вулканот на Хаваи

by fokus

Американскиот сенатор од Хаваи, Брајан Шац на својот твитер профил објави видео од лавата по ерупцијата на вулканот Килауеа.

Според досегашните информации кои на твитер ги објави гувернерот на Хаваи, Дејвид Иге, лавата веќе стигнала до улиците, а поради нејзиниот проток илјадници луѓе се евакуирани.

 

Фото: АП

Се уште нема официјални информации колку долго би можела да трае ерупцијата на вулканот, на која и претходеше земјотрес од пет степени, а беа регистрирани и неколку други потреси со послаб интензитет.

Во 1924 година тој вулкан исфрли 10 тони вулканска маса во воздух и еден човек загина при таа ерупција.

Поврзани новости