(ВИДЕО) Објавена снимка од осомничен бомбаш самоубиец на Шри Ланка

by fokus

Телевизијата „Скај њуз“ објави снимка од потенцијален извршител на еден од терористичките напади на Шри Ланка.

На снимката, направена неколку секунди пред нападот, се гледа како темнокос маж, со голем ранец, оди кон црквата. Во моментот кога влегува внатре, снимката нагло запира.

Бројот на загинати во бомбашките напади во Шри Ланка се зголеми на 321, а повеќе од 520 се повредени. Властите во Шри Ланка досега уапсија 40 лица. УНИЦЕФ соопшти дека меѓу убиените има 45 деца.

Поврзани новости