(ВИДЕО) „О, Шилегов, 9.000 денари плата ни даваат“

by fokus 19:26
19:26

„9 илјади денари плата. 3 месеци плата не ни дадовте, Шилегов. 3 месеци плата не ни дадовте. 3 месеци плата не ни дадовте“, вели еден од работниците кога денеска го сретна градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во Чаир, објави ТВ 21.

По кратко време пристигна и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

- Advertising -

Ганиу вели дека немало доцнење на платите и дека се исплатувале навреме, додавајќи дека минималната плата е одредена со претходниот буџет.

„Платата за сезонските работници е 9 илјади денари. Таа е одредена со претходниот буџет со предвидената програма. За наредниот буџет во тек е подготовката и ќе има покачување на платите“, вели Висар Ганиу – градоначалник на О. Чаир.

 

Поврзани новости