(ВИДЕО) Ново ремек-дело на Барди во шпанската Примера

by fokus

Македонскиот репрезентативец Енис Барди продолжува со фантастичните настапи за шпански Леванте. Тој денеска на наптреварот против Валенсија го постигна својот втор гол во Примера.

Барди прими една топка во шестнаесетикот на противникот, ја смири на гради и со прецизен удар го совлада бразилскиот голман Нето.

Македонскиот репрезентативец голот го постигна во 41 минута за израмнување на резултатот. Натпреварот е во тек.

 

Поврзани новости