(Видео) Невреме во Хрватска, издадено предупредување од највисок степен

by lali

Делови од Хрватска се зафатени со пoроен дожд, грмежи, силен ветер и град. Европскиот центар за предвидување бури издаде предупредување од највисок, трет, степен за копнениот дел на Хрватска, а за Далмација е издадено предупредување од втор степен, објави Индекс.хр.

Невреме има во Риека, Истра, Кварнер, Горски Котар, Загреб, Славонија и на други места.

„Радио Ријека“ јави дека за само десет минути, меѓу 12 и 20 и 12 и 30 часот, температурата во Риека паднала за осум степени Целзиусови. Градот бил зафатен со пороен дожд и ветер со јачина од 75 километри на час.

Повеќе улици и автопати во голем дел од земјата се покриени со вода и град и поради тоа сообраќајот е отежнат.

Метеоролозите и за почетокот на неделата во Хрватска најавија променливо, нестабилно време со повремени врнежи од дожд, грмежи и пад на температурите.

Од средината на неделата, времето ќе се стабилизира, најпрво на копно, а потоа и на Јадранскиот брег.

Поврзани новости