(Видео) Немири во Кочани: Демолирано кафулето на сопственикот на кабаре „Пулс“

by Fokus

Инциденти на протестите во Кочани за трагично загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“. На протестот излегоа и родители на некои од загинатите и повредените млади луѓе.

Ситуацијата е траорна, се слуша само плач и лелек, родителите се неутешни и се прашуваат како да продолжат да живеат без најмилите…Држат фотографии од свите најмили.

Насобраните бараат правда и го повикаа градоначалникот во оставка да се појави пред присутните и да не се крие. Протестот излезе од контрола во моментот кога толпата почна да го извикува името на градоначалникот и се упати кон општинската зграда.

Полиција ја чува општинската зграда. Демонстрантите извикува: „Убијци, излезете“ и маваат со јајца. Маваат по вратата и го повикуваат градоначалникот да излезе.

Демолирано е и кафулето „Класик“ на сопственикот на кабарето „Пулс“ каде во пожар изгореа 59 луѓе, а над 150 се повредени.

Фото: Томислав Георгиев

Поврзани новости