548
Демонстрантите кои се собраа на протест пред Кривичниот суд со негодувања ја пречекаа пресудата во предметот „Тенк“, со која судот ги прогласи за виновни обвинетите Никола Груевски и Ѓоко Поповски.
Демонстрантите ја тресат металната ограда, скандираат „Никола! Никола!“, а на обвинителите од СЈО им порачаа „Живи да не излезете!“.
Поради тензијата полициските службеници се приближија до демонострантите за да превенираат поголем инцидент.