ВИДЕО: Најмалку 15 лица загинаа во страшните поплави во Грција

by Fokus

Најмалку 15 лица загинаа, а 17 беа повредени како резултат на силниот дожд што предизвика поплави во предградија на Атина. Операциите за спасување продолжија и во текот на ноќта. Властите стравуваат дека бројот на загинатите може да се зголеми, додека спасувачките екипи ги пребаруваат поплавените домови и улици во западниот дел на Атина.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас прогласи национална жалост, а во обраќањето до јавноста истакна: „Ова се тешки моменти за Грција. Преживуваме голема катастрофа“.

Тој исто така најави дека Владата ќе им помогне на семејствата на жртвите со сите можни средства, како и на домаќинствата и претпријатијата зафатени од катастрофалните поплави, а сега за сега не се знае колкава ќе биде материјалната штета од погодените подрачја.

Поврзани новости