Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски откри дека во моментов има 116 лица кои се лечат надвор од нашата земја и тоа во 14 држави.
31 пациент има во Србија, 15 во Бугарија, 12 во Турција, 12 во Грција, 7 во Шпанија, 6 во Австрија, 6 Унгарија, 5 во Романија, 4 Белгија, 4 Литванија, 4 Хрватска, 4 Словенија, 4 Шведска, 2 Полска.
За да се избегнат шпекулациите кои се шират во медиумите, министерот уште еднаш истакна дрка лекувањето на сите пациенти надвор од државава е покриено од домаќините, односно земјите каде се лечат, додека патните трошоци и сместувањето, па дури и трошоците за превоз, телефонски сметки, превод и се останато е покриено од страна на нашата земја, односно од страна на Влада.
Денеска МНР ќе има прв координативен состанок на кој ќе се зборува и ќе се направи план за враќање на пациентите во земјава и кај нивните семејства.
Тој смета дека дел од пациентите уште следнава недела би можеле да бидат во таква здравствена состојба што би можеле да се вратат во државава и овде да го продолжат лекувањето.