(ВИДЕО) Младите со оштетен слух и говор: Ништо за нас, без нас

by Fokus 23:18
23:18

Оваа седмица се одбележа Меѓународната недела на глуви лица, преку подигање на свеста за значењето на знаковниот јазик, како нивен лингвистички идентитет и основно средство за комуникација.

- Advertising -

Оваа година, нашата земја додаде уште еден сегмент во оваа битка за остварување на основните човекови права на лицата со ваков инвалидитет. Тоа е здружението „Млад знак” во кое членуваат млади лица со оштетен слух и говор кои со својот елан, пожртвуваност и енергија ќе се обидат да да се чуе нивниот глас преку промовирањето на нивниот природен јазик – знаковниот, кој е нивен лингвистички идентитет и основно средство за комуникација.

Извор: 360 степени

Поврзани новости