Младиот Јован Костдинов, кој спаси 21 живот во пожарот во Кочани, денеска се врати дома. Тој беше пречекан од своите соученици и наставници со громогласен аплауз и овации во Гимназијата „Ванчо Прке“ во Виница.
Јован беше пуштен на домашно лекување откако лежеше на Клиниката за токсикологија, каде што ќе продолжи неговата борба за целосно заздравување.
Веста ја објави и министерот за здравствство, Арбен Травари.
„Денеска, со длабока емоција и бескрајна гордост, ви ја споделувам веста дека Јован Костадинов, храбриот млад човек кој спаси 21 живот во трагедијата со пожарот во Кочани, конечно се врати дома, објави министерот за здравство Арбен Таравари.
„Постојат моменти кога зборовите не се доволни, а ова е еден од нив. Како да се опише душа толку храбра и несебична, која во мигови на паника и опасност не помисли на себе, туку само на другите?
Јован, кој има само 21 година, постапил како вистински херој. Влегувал повторно и повторно, не еднаш, не двапати, туку повеќе од 20 пати, за да помогне на оние што биле заробени во пламените. Го ризикуваше сопствениот живот за да спаси други.
Неговото тело ги носи лузните од неговото јунаштво, но неговото срце носи нешто далеку поголемо: почитта, восхитот и љубовта на цела нација. Јован не е само херој на Кочани. Тој е херој на целата наша држава. Симбол на тоа што значи да се стави човечноста над стравот. Потсетник за сите нас колку многу може да направи еден човек со големо срце.
Добредојде дома, Јован. Твојата приказна ќе живее вечно, во животите што ги спаси, во семејствата што повторно се заедно и во срцата на секој граѓанин што сега го знае твоето име.
Во име на сите граѓани, јас ќе кажам едно нешто, јасно и гласно: Никогаш нема да заборавиме, напиша Таравари.