ВИДЕО Мицкоски го почна мандатот со молитва пред иконата на Богородица

by fokus

Новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски мандатот го започна од црквата свети Петнаесет Тивериополски маченици. Првата изјава како лидер на партијата, Мицкоски ја даде упатувајќи хритијанска порака за простување и спокојство.

„Денеска се помоливме пред светата икона на мајка Богородица – Брзапослушничка. Побаравме мир, спокојство за самиот себе за самите нас, за граѓаните во Република Македонија. Луѓето во текот на нивниот животен пат носат многу одлуки, дел од тие одлуки некогаш знаат да бидат и погрешни, најголемиот дел се исправни. Како луѓе и како христијани треба да научиме на простување да посочуваме на грешките и истите да ги разбираме, а оние кои што грешат треба да научат да извлечат поука од грешките и истите да не ги повторуваат. Како народ и како граѓани на оваа држава ни е потребно помирување, толеранција и разбирање за сите останати. Јас одлучив денеска да го почнам мандатот како Претседател од ВМРО-ДПМНЕ од оваа свето место и да се помолам пред иконата на Мајка Богородица – Брзопослушничка, да побарам спокој за себе и спокој за сите граѓани во Република Македонија“, рече Мицкоски.

Поврзани новости