ВИДЕО: Мигрантите фрлаа камења кон грчката полиција

by Фокус 10:47
10:47

Не стивнуваат немирите на македонско-грчката граница. Утрово економските мигрантите на кои не им се дозволува влез во Македонија, се судриле со грчката полиција и фрлале камења кон неа. Групата мигранти која се судрила со полицијата била од Мароко.

Откако ЕУ испрати препорака да се врши селекција на бегалците и да се пропуштаат само оние кои доаѓаат од земјите кадешто има војна, околу 3.000 мигранти од Пакистан, Алжир, Мароко, Иран и Сомалија се заглавени на македонско-грчката граница кај Идомени. Тие не можат да продолжат кон западно-европските земји, а не сакаат ниту да се вратат во нивните земји.

- Advertisements -

Грција и ЕУ вчера се догововорија околу 300 војници на Фронтекс да бидат распоредени на грчко-македонската граница за да помагаат при регистрацијата и селекцијата на бегалците.

Поврзани новости