(ВИДЕО) Мечка направи хаос во фирма во Бугојно, па го нападна чуварот

by Fokus

Инцидент имало утрово во просториите на фирмата „Бинас“ во Бугојно (БиХ) кога мечка го нападнала чуварот.

Видео е објавено на Фејсбук профилот „Бугојно данас“, а на него се гледа дека мечката била бркана од кучиња, по што побегнала во компанијата, пренесува Српскаинфо.

Мечката потоа го нападнала работникот од обезбедувањето, а според очевидци се се случило брзо, но за среќа тој избегал без сериозни повреди, пишува Аваз.

Полицијата немала пријава за овој настан.

Поврзани новости