ВИДЕО: Матуранти со зурли и тапани го блокираа сообраќајот во центарот на Скопје

by Fokus

Матуранти со зурли и тапани вечерва го блокираа сообраќајот на булеварот кон трговскиот центар „Рамстор“, објави порталот „4News“.

Полицијата доцна пристигнала да го регулира сообраќајот и прославата на матурантите. Полицајците не можеле да се пробијат по „Јужен булевар“, па кружеле и пристигнале од другата страна.

Целата ситуација предизвикала нервоза кај возачите, кои морале да чекаат матурантите да завршат со прославата и огнометот и да се отвори еднонасочната улица.

 

Поврзани новости