(ВИДЕО) Марин: Камчев сака да гради кај Мајчин дом

by fokus

Советникот од општина Аеродром од редовите на СДСМ, Златко Марин денеска презентираше документи со кои тврди дека се докажува дека Орце Камчев стои зад Масив Констракшн, фирмата која ќе гради објекти кај Мајчин Дом.

-Како што може да се види во овие документи, Масив Констракш е во сопственост на Европа Комерц ДООЕЛ Кочани и Архи ДОО која пак е во сопственост на Ексико и Орка Холдинг АД Скопје. Ексико, пак, е фирмата чиј управител е Тодор Мирчевски, човек кој управува со сите фирми на Камчев. Фирми кои преку Ексико изнесуваат милиони евра од македонскиот буџет преку тендери и субвенции во приватни оф-шор сметки. Криминалните шеми на Коневски, ВМРО ДПМНЕ и градежната мафија се заплеткани и сложени но, нивната цел е јасна – полнење на приватни џебови и сметки и туркање на Аеродром во еколошка катастрофа, со ДУП кој ќе го спречи струењето на воздухот од Вардар, ќе го уништи зеленилото и уште повеќе ќе го загади воздухот, рече Марин.

Тој додаде дека здравјето и животот на граѓаните мора да биде поважно од неброените фирми и банкарски оф-шор сметки.

Поврзани новости