(ВИДЕО) Ману Чао ја поздрави публиката со „Нема правда, нема мир“, на Илија Димовски му преседна Д-фест!

by Фокус 12:13
12:13

„Нема правда, нема мир“ вака револуционерниот музичар и активист  ја поздрави публиката на Д Фест во Дојран, што предизвика бура од овации кај публиката.

Инаку, Гевгелија нет пишува дека  меѓу присутните на фестивалот бил и Илија Димовски, актуелен координатор на пратеничката група на ДПМНЕ во Собранието на РМ. Откако го слушнал поздравот и еуфоријата кај публиката, Илија Димовски го напуштил Фестивалот.

- Advertisements -

ilija

Напуштањето на фестивалот, според Гевгелија нет го забележал еден од учесниците на фестивалот и тоа веднаш го споделил на неговиот ФБ профил.

1-ACE-Manu-Cao

Светски Популарната Ману Чао е ексклузивен гостин на Дојранскиот ДФест.

 

Поврзани новости