(Видео) Љубе Бошкоски до Мијалков: Плови Саша…

by fokus 16:19
16:19

Поранешниот министер за внатрешни работи, а сегашен советник во Владата на СДСМ, Љубе Бошкоски во јавноста објави видео од неговите митинзи со порака на Фејсбук „Плови Саша“ до поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков кој беше осуден на 12 години затвор за масовното прислушување и му беше одреден затворски притвор. На видеото тој изнесува сомнежи за криминал на тогашната власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ, а Мијалков и поранешниот премиер, Никола Груевски ги нарекува „бандо криминална“.

-Уште во 2011 година, апелирав дека банда криминална ги злоупотребува светите букви на ВМРО, се изнесуваат пари во други држави и се врши секаков криминал. Меѓу првите го кренавме гласот за слобода и правда.Ми претставува огромно задоволство, што токму луѓето кои ги поддржуваа лошите политики на минатото раководство на ДПМНЕ, дали од неверување или изманипулирани од пропагандната машинерија на тогашниот режим, денес, се согласуваат со нашите тези и ставови. Јас не сум човек што се сити на нечија несреќа, мене не ме исполнува никакво страдање. Можеби и затоа сме различни од нив и затоа се гордеам со тоа. Љубе Бошкоски и нашата Обединети за Македонија секогаш ќе се бориме за закон и ред, а со тоа – доследно спроведување на законите, напиша Бошкоски.

- Advertisements -

Бошкоски беше уапсен по изборите во 2011 година за нелегално финансирање на кампањата и беше осуден на пет години затвор. На Мијалков и припадници на „Алфите“ им се суди за нечовечко постапување при апсењето на Бошкоски кој беше спектакуларно јавно апсен пред „Воденица“, во центарот на Скопје. Пред извесно време Судот, на барање на Бошкоски, донесе одлука пак да му се суди за „Кампања“. Во време на ВМРО-ДПМНЕ, на Бошкоски му се судеше и за случајот „Ровер“ кој неколку пати беше враќан на повторно судење.

Поврзани новости