(ВИДЕО) Крвава тепачка со секири и мотики на паркинг во Бугарија

by Fokus

Едно лице загина, а шестмина се повредени во масовната тепачка во Казанлак, Бугарија. Една жена има скршена рака, а двајца мажи се во критична состојба.

Инцидентот се случил попладнево на пазарот во градот. Група мажи од ромска националност се степале со секири и со мотики, на паркингот зад кооперативниот пазар.

До тепачката дошло поради тоа што две групи од селата Тажа и Манолово, во општина Павел Бања, имале стара семејна расправија. Се сретнале на судење, се виделе, па така започнала тепачката која завршила крваво.

Поврзани новости