(ВИДЕО) Крмов до Ковачевски: Дали грицкате семки во моментов?

by fokus 21:13
21:13

На денешната седница за пратенички прашања пратеникот од Левица, Борислав Крмов го праша премиерот Ковачевски дали додека тој поставува прашање, премиерот грицка семки.

-Што правите во моментов, семки грицкате? Да не ве деконцентрирам, му рече Крмов на Ковачевски.

Крмов реагираше до заменик-претседателот на Собранието Горан Мисовски да го опомене премиерот за недоличното однесување, но Мисовски рече дека на Крмов најверојатно му се причинува.

 

По ова, Ковачевски стана од своето место и од Мисовски побара Крмов да му се извини нему, или во спротивно, се закани дека тој и министрите ќе ја напуштат седницата.

-Ние од Левица не се извинуваме, посебно не на вас. Станете и одете си слободно, беше одговорот на пратеникот Крмов.

Поврзани новости