(ВИДЕО) Кривична пријава за мачење животни

by Fokus

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А.(23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ.

Според информациите на полицијата, синоќа во 23.30 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на социјална мрежа е објавена видео снимка, на која се гледа како во Крива Паланка, куче било врзано за патничко моторно возило во движење и кучето било принудено да трча.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од ОВР Крива Паланка и било утврдено дека сопственик на возилото и кучето е А.А.(23) од Крива Паланка.

Со него е извршен службен разговор и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Поврзани новости