(Видео) Километарски колони за влез во Грција по прекин на штрајкот

by Fokus

Соседна Грција денес го отвори граничниот премин Евзони (Богородица). Уште од рано утринава можат да се забележат километарски колони за влез во Грција, а најбројни се тешките товарни возила. Има и патнички возила, кои чекаат за влез, но нивниот број е значително во помал број.

Преминот Евзони беше затворен поради 24 часовен штрајк на грчките царински служби за секаков вид на сообраќај, и тоа од 05.00 часот на 24.11.2020 до 05.00 часот на 25.11.2020 година. Читатели на „Фокус” ни доставија видео снимка на која можат да се забележат долгите колони, и информираат дека за влез се чека со часови.

Утре пак, во Грција е најавен генерален штрајк од страна на Синдикатот на вработените во јавниот сектор, и се бараат суштински мерки во справувањето со пандемијата, односно мерки за заштита на вработените на работните места, вклучување на приватниот здравствен сектор во борбата со вирусот, вработување на неопределено време на медицински персонал, зголемување на возниот ред во јавниот превоз и друго.

Вики Клинчарова

Поврзани новости