(Видео) Казнет возачот кој возеше по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците

by Fokus

Полицијата го пронајде скопјанецот кој со автомобил возеше по тротоар со што ја загрози безбедноста на пешаците. На социјалните мрежи се појави и снимка од настанот.

На 31.03.2025 полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа и извршија службен разговор со Л.М. од Скопје, затоа што со патничко возило “ауди” со скопски регистарски таблички на 28.03.2025 се движел по тротоар и по зелена површина на бул. “Гоце Делчев” на Бит Пазар во Скопје и со тоа ја загрозил безбедноста на пешаците.

Против Л.М. се поднесени соодветни поднесоци.

Поврзани новости