(ВИДЕО) Како дете пееше со Тоше на иста сцена во Мелбурн, сега го освојува светот со песна!

by fokus

Австралискиот пејач и продуцент Боби Андонов (28), чии родители се по потекло од Струмица, ја освојува светската музичка сцена.

Момчето кое македонската јавност го запозна како наш претставник на Детска Евровизија во 2008 година, кога настапи со песната ,,Прати ми СМС” во Кипар, и го освои 5-то место, деновиве воодушеви со најновата песна ,,Bad decisions”.

Песната добива позитивни критики, а музичките критичари на Боби му предвидуваат солидна кариера.

Оние кои се сеќаваат на далечната 2007 година и на австралиската турнеја на легендарниот Тоше Проески, заедно со него тогаш на сцената во Мелбурн излезе Боби, кој во тој период имаше околу 13 години. Пред публиката тој ја испеа евровизиската песна на Тоше ,,Life”, а Проески кажа дека е изненаден од младото момче.

На 15 години Боби учествуваше во шоуто ,,Австралија има талент” и беше еден од финалистите.
Има објавено неколку авторски песни и видео спотови за истите, а од пред седум години живее и твори во Лос Анџелес и веќе потпишал договор со Холивуд Рекордс. Во Македонија живеел од своите 13 до 15 години.

Вики Клинчарова

Поврзани новости