(Видео) Како Бојко се справува со ,,непослушни” функционери: По три пати ќе викаш – Нема да има патарина!

by fokus

Бугарскиот премиер Бојко Борисов утринава се појави разгневен на средба со министрите, откако дознал дека жители на населени места во близина на Софија решиле да излезат на протест, откако дознале дека треба да плаќаат винетки (патарина) за да можат да одат на работа по обиколницата околу градот.

-Каде е шефот на Агенцијата за патишта? Зошто ми правите така? Нели знаете дека бргу ќе се расправам со вас? Како може да ми го истерате народот на улица за таква глупост? – со овие зборови Борисов ја започна средбата со министрите.

-Ве прашувам, за да знам дали да ве ,,управам” уште денес. Многу бргу да реагирам сега, или после ручек? Тие луѓе гласаа ли за градоначалник на Софија? Гласаа! Какви винетки ќе плаќаат тогаш?
Сакам сега да отидеш кај сите тие луѓе во населените места и како гласник по три пати да викаш – Нема да има винетки!
Викаш по три пати, се извинуваш и се враќаш – му нареди Борисов на шефот на АПИ Георги Терзииски.

-Ако веднаш не направите така, ќе зажалите – пресече бугарскиот премиер, по што Терзииски ја напушти средбата.

Вики Клинчарова

Поврзани новости