(ВИДЕО) Јанушев: Сите граѓани се казнети поради погрешните политики на Зоран Заев

by Fokus

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, денеска од Крива Паланка порача дека партијата е помеѓу граѓаните, да го искажат својот став и проблеми, а опозицијата како политичка партија да понуди решенија.

„Она што имавме прилика да го видиме, да се случува деновите е всушност нешто што наназад некој период го кажувавме, и го соопштувавме и апелиравме всушност до криминално рекетарската влада на Заев е дека без вистински реформи Македонија не може да се придвижи напред. За жал, на штета на сите граѓани на Република Македонија, едноставно беа со оваа одлука казнети поради погрешните политики на Зоран Заев. Она што го очекуваме во следниот период имајќи во предвид за каков човек станува збор, нема да не изненади доколку излезе и всушност целата вина се обиде да ја префрли на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Јанушев.

Поврзани новости