( ВИДЕО) Израел нападнат – сирени се огласуваат – луѓе бегаат во засолништа

by Fokus

Нов напад од јеменската бунтовничка група во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа. Израелската војска денеска соопшти дека пресретнала проектил истрелан од Јемен, откако беа активирани сирените за воздушен напад во неколку области на земјата.

„Откако утрово се огласија сирените во неколку региони на Израел, ракета лансирана од Јемен беше пресретната од израелските воздухопловни сили пред да навлезе на израелска територија“, се вели во соопштението на армијата.

По почетокот на војната во Појасот Газа, предизвикана од нападот на палестинското движење Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, јеменските бунтовници Хути, кои се поддржани од Иран и изразуваат солидарност со Палестинците, извршија десетици ракетни напади врз Израел и Црвеното Море.

Тие напади престанаа со прекин на огнот кој стапи на сила на 19 јануари, но Хутите, кои ја презедоа одговорноста за континуираните напади врз Израел, ветија дека ќе ги интензивираат повторно, се додека Израел продолжи со нападите врз Појасот Газа. Хутите ги прекинаа нападите за време на еднонеделниот прекин на огнот во Газа, кој заврши на 18 март, кога Израел продолжи со бомбардирањето на палестинската територија.


.

 

Поврзани новости