(Видео) Исвиркана владината делегација во Крушево: Ова е место за херои, не за предавници

by Frosina Fakova

Релативно малиот број на посетители на Мечкин Камен во Крушево околу 11.30 часот ги пречекаа и претставниците на Владата.

Тие беа исвиркани од дел од присутните граѓани.

„Ова е место за херои, не за предавници“, „Никогаш Северна, само Македонија“ , викаа присутните кон владините функционери.

Во Крушево каде што настаните се одбележуваат под покровителство на републичкото Собрание, владината делегацијаја претставуваат вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Од Мечкин камен свое обраќање ќе има потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, кој го заменува претседателот на Собранието, Талат Џафери кој беше на Инфективна клиника поради симптоми на Ковид-19. Од ВМРО-ДПМНЕ на Мечкин Камен присутна е и пратеничката Дафина Стојаноска.

Текст и фото: Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости