(ВИДЕО) Инциденти помеѓу мигрантите и полицијата кај Солун

by fokus

Насобраните бегалци и мигранти во прифатниот бегалски камп Диавата во близина на Солун, повторно масовно се обидоа да ги пробијат полициските блокади и да се упатат кон Идомени и границата со Македонија, по што полицијата употреби солзавец и шок бомби за да го спречи нивниот обид.

Откако не успеаја во нивната намера, дел од бегалците и мигрантите ја запалија блиската трева и се упатија во друга насока, но и таму наидоа на полициска блокада.

По лажната вест што во изминатиот период се споделуваше на социјалните мрежи дека повторно ќе бидат отворени границата и балканската бегалска рута кон Европа, околу 500 бегалци и мигранти од цела Грција се упатија кон Солун и вчера поставија над 100 шатори пред прифатниот центар Диавата.

Полицијата веднаш реагираше целосно опколувајќи го импровизиран камп пред Диавата.

Видео https://www.youtube.com/watch?v=BkMTM2AnXEI

Поврзани новости