(ВИДЕО) Демонстранти симнаа жена од бина бидејќи извикувала ЕУ и НАТО

by fokus

Пред Собранието денеска беше мирна атмосферата и со мал број демонстранти, се додека не се случи инцидент откако жена се качи на импровизираната бина.

Демонстрантите ова го сфатија како провокација и еден од нив ја повлече и ја поведе надвор од толпата.

Жената извикуваше „Ништо не можете да ми направите“ и повикуваше помош, но никој од полицијата не интервенираше иако пред Собранието има полициски кордон. Таа извикувала дека е за ЕУ и НАТО.

Демонстрантите потоа се свртеа кон новинар кој го снимаше настанот и му забрануваа да снима. Ситуацијата се смири откако новинарот се повлече.

Поврзани новости