ВИДЕО: Груевски во бегство, Амди Бајрам на концерт со трубачи!

by Fokus

Вчера во МОБ се одржа музичкиот фестивал Рома Фест, под раководство на маестро Хусо Еминовиќ. На настанот учествуваа познати имиња од македонската и ромска музичка сцена, помеѓу кои Енвер Муфтар, Раим Баки, Бурхан Јашари, Иван Еминовиќ, дувачки оркестар Бреговиќ и познати ромски постари музичари.

Вокална интерпретација имаа Ернест Ибраимовски, Васка Јанковска, Благица Павловска, Миа Мустафа, Силви Бенд, Шадан Сакиб, Руфат Селимов – Роки и Ален Рамчевски . Мотото на концертот беше – Да ја вратиме традицијата, а влезот беше бесплатен за сите љубители на ромската традиционална музика. И претседателот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам беше присутен на концертот, сместен во првиот ред пред бината. Во еден момент, трубачите додека ја свиреа популарната ромска песна ,,Џелем, џелем” се симнаа од сцената и се упатија кон Бајрам.

-Господинот Бајрам никогаш не ги пропушта настаните поврзани со Ромската култура и уметност. Тој го проследи концертот во првите редови, дојде облечен во неговата црна бунда, за време на целиот настан уживаше во богатата програма. Трубачите не можеа да одолеат на неговото емотивно следење на концертот, па во еден момент го опкружија свирејќи ја ,,Џелем, џелем” една од омилените песни на лидерот на Ромите и воедно химна на ромскиот народ. Тој многу им се израдува – ни раскажа една од учесничките на настанот.

Амди Бајрам долги години беше во коалиција со ВМРО ДПМНЕ, се до парламентарните избори во 2016 година, кога партијата замина во опозиција. Тогаш премина во парламентарното мнозинство предводено од СДСМ на премиерот Зоран Заев, а за ,,Фокус” изјави дека што и да случува на политичката сцена, тој секогаш ќе биде со власта. Како мало потсетување, Бајрам во 2004 година беше обвинет за кражба на платно од штипската фабрика „Македонка“ вредно 750 илјади евра.

Тој првично беше осуден на 7-годишна казна затвор, која потоа му беше намалена на 4 години. На локалните избори во 2005, додека пресудата уште не беше правосилна, се кандидираше за градоначалник на Шуто Оризари. Иако победи, беше градоначалник нецел месец бидејќи беше однесен на издржување затворска казна во затворот во Штип. Во 2007 казната му беше намалена за шест месеци од претседателот Црвенковски, а во 2008 излезе од затвор.

Линк до видеото: https://www.facebook.com/cvetanka.oreskovic/videos/2184317435150054/

Вики Клинчарова

Поврзани новости