ВИДЕО Ѓоковиќ дисквалификуван од УС Oпен – ненамерно удри судијка со топче

by Fokus 22:46
22:46
Српскиот тенисер, прв рекет во светот, Новак Ѓоковиќ вечерва беше диквалификуван од УС Oпен откако во во мечет против Пабло Карењо-Буста ненамерно удри линиска судијка со топчето.
По изгубениот гем Ѓоковиќ извади топче од џебот и го фрли наназад. Замавнувајќи со рекетот виде дека топчето удри судијка која беше позади него.

Според она што можеше да се слушне, жената почна да кашла, а откако се созеде и се исправи, организаторите донесоа одлука да го дисквалификуваат.

Поврзани новости