(ВИДЕО/ФОТО)„Систем кој не нѐ штити, туку убива“: Студентите на УКИМ им оддадоа почит на жртвите во Кочани

by Fokus

Студенти и ученици од средните училишта во Скопје се собраа на платото на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ на заеднички час за да искажат почит кон жртвите кои настрадаа при немилиот настан во дискотеката во Кочани.  Младите палат свеќи и се потпишуваат во книгата на жалост.

„Систем кој не нѐ штити, туку убива. Каде што криминалците управуваат, а чесните страдаат. Каде што судиите и обвинителите не го спроведуваат законот, туку го продаваат. Каде што децата на судиите, министрите и олигарсите се забавуваат во Амстердам и Барселона, додека нашите млади горат во шупи-дискотеки, умираат на небезбедни патишта и болници што стануваат гробови.

Доста со неказнивост! Време е за одговорност, за вистинска правда, за силен удар врз криминалниот систем!

Ова не е само борба за сите жртви во изминатите години – ова е борба против системот што нѐ предаде, што нѐ остави незаштитени, што се обиде да нѐ замолчи. Но нема молк повеќе. Ќе нѐ слушнат. Ќе нѐ видат. Ќе нѐ почуствуваат“, напиша Бленди Ходаи, директор на Форумот за образовни промени.

Поврзани новости