(ВИДЕО) Фатено на камера лицето кое го подметнало пожарот во „Паркови и зеленило“

by fokus

ЈП „Паркови и зеленило“ попладнево соопшти ддека пожарот кој ноќеска изби во дирекцијата на претпријатието, поточно во делот на архивата,магацинот и просториите на Секторот за финансии бил подметнат, а лицето е снимено на безбедностите камери.

-По брзата реакција на чуварската служба и брзата интервенција на противпожарната бригада пожарот е навремено изгаснат и не е причинета голема материјална штета, сите документисе сочувани, како и просториите на претпријатието. Веднаш на лице место излезеувидна екипа на МВР за утврдување на причините за пожарот. Снимките од безбедносните камери на претпријатието покажуваат дека пожарот е подметнат од непознат сторител, велат од претпријатието.

ЈП Паркови и зеленило најостро го осудува овој чин на намерно опожарување напросториите на претпријатието и активно ќе соработува со надлежните органи вособирањето на докази за расчистување на случајот, изнаоѓање на сторителите инивно изнесување пред лицето на правдата.

 

Поврзани новости