ВИДЕО Експлозија во ресторан во Канада, најмалку 15 лица повредени

by fokus

Најмалку 15 лица се повредени рано изутринава при експлозија во ресторан во градот Мисисога во канадската провинција Онтарио.

Според првичните информации станува збор за експлозија на рачно изработена бомба, а локалната полицијата трага по двајца мажи, кои се осомничени за активирање на експлозивната направа.

Како што јави ДПА, експлозијата се случила во 22:30 часот по локално време (4:30 часот по средноевропско време) во еден индиски ресторан во Мисисога, град кој се наоѓа западно од Торонто.

Според полицијата, тројца од повредените се во критична состојба.

Поврзани новости