(Видео) Експлозија во Леверкузен – ситуацијата е екстремно опасна

by fokus

Силна експлозија во хемискиот комплекс денеска го потресе германскиот град Леверкузен, соопшти компанијата „Курената“ која е оператор на хемискиот парк „Хемпарк“. По експлозијата над градот се појавил црн облак, а медиумите веќе јавуваат дека има и повредени и исчезнати лица.

Експлозијата се случила во делот паркот каде се гори отпад, изјавил портпаролот на „Курента“, но од таму се уште тврдат дека не знаат што ја предизвикало експлозијата.

-Жителите би требало да влезат во затворени простории и да ги затворат вратите и прозорците, соопштија од Хемискиот парк.

Германската агенција за цивилна заштита предупреди на екстремна опасност, додека германската телевизија VDR, повикувајќи се на изјави од сведоци, соопшти дека се слушнала силна експлозија и облак од чад на местото каде се наоѓа фармацевтската компанија „Бајер“.

Во 2019 година концернот „Бајер“ и „Ланксес“ му го продадоа својот удел во „Курента“ на инфрастртуктурен и инвестициски фонд на австралиската банка Мекквори. Компанијата управува со таканаречените хемиски паркови во германските градови Леверкузен, Дормаген и Крефелд.

Поврзани новости