(Видео) Драматични сцени од пожарот: Хитроу затворен, летовите се стопираат на 24 часа

by Fokus

Лондонскиот аеродром Хитроу објави дека денеска ќе биде затворен до полноќ по прекинот на електричната енергија поради пожар во блиската електрична трафостаница што го снабдува аеродромот.

„За да ја одржиме безбедноста на нашите патници и колеги, Хитроу ќе биде затворен до 23:59 часот на 21 март“, објави аеродромот Хитроу на платформата X, додавајќи дека на патниците им се препорачува да не доаѓаат на аеродромот.

Според податоците на OAG, Хитроу минатата година бил вториот најфреквентен меѓународен аеродром во светот, зад Дубаи.

Затворањето на лондонскиот аеродром Хитроу ќе предизвика голем број потешкотии во превозот на патници, изјави за Си-Ен-Ен директорот за комуникации на сајтот за следење летови Flightradar24.

„Ова е апсолутно клучно за воздушниот сообраќај. Покрај тоа што е еден од најпрометните аеродроми во светот, тој е и аеродром што го користат најголемиот број авиокомпании“, рече Иан Петченик, директор за комуникации на Flightradar.

Најмалку 120 летови се во воздух и се пренасочуваат кон алтернативни аеродроми, според Flightradar24.

„Петченик“ очекува дека на погодените авиокомпании би можело да им бидат потребни неколку дена или недели за да се вратат во нормала.

Поврзани новости