(ВИДЕО) Директорот на прилепската гимназија на учениците им држеше политички говор, тие му порачаа дека тоа е срамота и си заминаа

by fokus

Пишува: Зоран Милошески

 Директорот на прилепската Гимназија „Мирче Ацев“, Киро Николоски, денес ги ослободил од настава учениците од претпладневната настава за одат на протести.

Откако организирана група на ученици од други училшта со знамиња и со скандирање „Еден јазик сакаме“ влегле во Гимназијата за време на наставата, во училиштето настанал хаос. Директорот Николоски влегол во неколку училници и им дозволил на учениците да ја напуштат наставата.

Поголема група ученици од IV година не се согласила со ставот на директорот и отишле пред неговиот кабинет за да го искажат своето  незадоволство, велејќи му дека многу е поголем бројот на оние кои сакаат да држат настава. Наместо да ги ислуша, директорот Николоски почнал да им држи политички говор, при што, како што може јасно да се слушне од аудио снимката, им рекол:

„Да не дај Госпо она шо се кажува ако се спроведи. Слушни ме, јас да ти кажам…Јас како директор…да не дај Госпо она шо се кажува, воведување на двојазичност, во цела држава. Воведување двојазичност во Струмица, во Прилеп, во Кочани, во Кичево…не знам каде…Ако се случи воведување на двојазичност, ако се случи воведување на химна, менување на знаме, ако се случи воведување на албански симболи…“.

На тоа, одговорот на учениците бил:

„Директоре, уште поголема срамота е во образовна институција вие да ни држите политички говори. Толку од нас. До гледање“!

 

Поврзани новости