(ВИДЕО) Дибиров од Вардар го постигна најубавиот гол во четвртфиналето од ЛШ

by fokus

Левото крило на Вардар, Тимур Дибиров го постигна најубавиот гол во реванш натпреварите од четвртфиналето во ракометната Лига на шампиони.

Дибиров прифати една топка на самиот агол, но и тоа не му беше проблем да го совлада голманот на Пик Сегед.

Вардар го загуби дуелот во Унгарија со 29:25, но оди на Ф4 во Келн поради победата во Скопје со 31:23.

Во изборот на ЕХФ ТВ за ТОП 5 голови во оваа фаза на елитното натпреварување, место имаше и за македонскиот репрезентативец Дејан Манасков кој во Веспрем игра на истата позиција со Дибиров.

Најубавите пет гола во изборот на ЕХФ можете д а ги видите на следниот линк https://www.ehftv.com/int/video/top-5-goals-quarterfinals-leg-2/1530111

Поврзани новости