ВИДЕО: Десетина повредени и оштетени згради по земјотресот во Албанија

by fokus

Десетина повредени и оштетени згради е сликата која ја пренесуваат албанските медиуми по денешните два земјотреса кои ја погодија Албанија, а беа почуствувани и во Македонија. Топ Чанел јавува дека земјотресот со јачина 5.8 степени, а со епицентар во Драч, ги погодил Лушња, Лежа, Корча, Булќиза, Ѓирокастра, Скадар и Фиер.

Министерството за одбрана на Албанија веднаш излезе со информации околу земјотресот, и повикувајќи се на Институтот за енергетика, вода и животна средина, јавуваат дека интензитетот на земјотресот бил 5.8 степени а со 7.5 јачина, епицентарот бил 30 километри од Драч, покрај островот Родон. По овој земјотрес следуваше уште еден. Според истите информации ова е најсилниот земјотрес во последните 20-30 години.

Од последните слики и видеа кои ги објавува ТЧ се гледаат и две згради со пукнатини низ целиот надворешен дел, а фасадата на Геолошкиот институт во Тирана целосно уништена.

Поврзани новости