Видео: „Бомба“ на опозицијата: Како Луковски, кумашинот на Мијалков со Миле Јанакиески договараа отпуштање на луѓе, ако не гласаат за ДПМНЕ

by Fokus 13:11
13:11

Извршниот член на Одборот на директори во функција на Главниот оперативен директор на Македонски Телеком, Жарко Луковски ќе ја продолжи својата кариера надвор од компанијата поради завршување на неговиот менаџерски договор заклучно со 30 јуни годинава.

Луковски беше и дел од „бомбите“ што ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, каде што можеше да се слушне како се заканува дека ќе отпушта вработени од работа што нема да гласаат за владејачката партија. Во една од аудио-снимките може да се слушне како Луковски со тогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески договараат списоци на луѓе за гласање на изборите, што беше дел од изборните измами што ги правела власта под раководната палка на Никола Груевски, а беа објавени во Универзалната сала.

- Advertisements -

Разговор помеѓу Миле Јанакиевски и Жарко Луковски
МЈ: Кажи Жарко…
ЖЛ: Па ти пуштив порака за компјутериве од сабајле каде да ги однесат?
МЈ: У Министерство донеси ги
ЖЛ: Кај тебе?
МЈ: Да
ЖЛ: Кого да бараат?
МЈ: Јас сум бе тука
ЖЛ: Добро
МЈ: Жарко шо напраи бе со спискот на вработени во Телеком у пм, многу чекаме
ЖЛ: Како како?
МЈ Ти кажа Сашо шо да праиш со луѓево како?
ЖЛ: Да бе да
МЈ: Ќе го тераш?
ЖЛ: Па го терам уше од прошлата недела, си го терам истово шо го зборевме на јавување луѓе само шо не можам да ги носам ја на овакво… Не можам да дојдам да пратам луѓе… Од секое од нив имаше само од нашите кои се лоцирани и кои се туѓи да се сугерира дека отпуштањето на луѓе ќе бидат отпуштени ако не гласаат сега
МЈ: А треба некој да им се јави, излезе не излезе…
ЖЛ: Тоа си ги има и ја и Ирена и Попе и овој Меро..
МЈ: Која Ирена?
ЖЛ: Мишева
МЈ: Остај ја Ирена Мишева со Град Скопје се занимава Ирена, не ја рачунај Ирена
ЖЛ: Ама си е вработена и не е важно Град Скопје она исто ги лоцира луѓето внатре шо се
МЈ: Добро ајде

 

Поврзани новости