Видео – Богоев: Колапс на сообраќајот на автопатот Велес-Скопје

by Fokus

Стефан Богоев, пратеник и претседател на СДММ рано наутро, заедно со дел од раководството на СДММ беше заглавен на автопатот Велес – Скопје, враќајќи се од коледарскиот хепенинг во Гевгелија.

Тој објаснува како поминале на патот и како се било блокирано од само 20 сантиметри снег.

– Од само 20cm снег се случи тотална блокада и сообраќаен колапс. “Македонија Пат”, “АМСМ”, МВР не беа на терен и не беа достапни. Редици од автомобили и автобуси беа заглавени по неколку часа. И покрај неколку дневните апели за снег, службите кои се платени од џебот на граѓаните (преку даноци/такси) повторно потфрлија – истакна Богоев.

Поврзани новости