(ВИДЕО) Бочели од празната миланска катедрала ја будеше „ранетата“ Италија

by Fokus

Италијанскиот тенор Андреа Бочели попладнево пееше за католички Велигден од празната миланска катедрала Дуомо.

Концертот е посветен на Италија и остатокот од светот кој е зафатен од корона вирусот, а насловен е со симболична порака „Музика за надеж“.

Тој започна во 19 часот по средноевропско време и траеше 30 минути, а беше пренесуван на Јутјуб каналот на Бочели.

Овој велигденски концерт е симболична порака за љубов, надеж и поддршка за излекување на заболените од корона вирусот.

Поврзани новости