ВИДЕО Автомобил се преврте на автопатот Велес-Скопје

by fokus

дно лице е повредено откако автомобил „БМВ“ излетал од патот Неготино-Велес, на петстотини метри пред патарината Градско, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Повреден е возачот на патничкиот автомобил со скопски регистарски ознаки. Бил приклештен во возилото, па на лице место интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кавадарци која го извадила од возилото, појасни Додевски.

Нагласи дека во моментот не може да даде повеќе детали за случајот, бидејќи во тек е увидот на лице место.

Повредениот со возило на итна медицинска помош е пренесен од Здравствен дом Кавадарци во болницата во Велес

Поврзани новости