(Видео) Асад дојде на работа после нападот како ништо да не се случило

by fokus

Сириското претседателство објави видео на кое се гледа како сирискиот претседател Башар ал Асад доаѓа на работа неколку часа по воздушните напади во Сирија, како да не се случува ништо.

Асад на снимката е облечен во костум со вратоврска и носи актовка додека влегува во зградата на претседателството. Додека трае снимката, Асад не изговара ништо.

 

САД, Велика Британија и Франција рано изутринава ги почнаа најавуваните ракетни напади врз повеќе цели во Сирија, како одговор на обвинувањата дека сириските владини сили минатата сабота извршиле напад со хемиско оружје во градот Дума.

Поврзани новости