(ВИДЕО) Американскиот Сенат со аплауз за членството на Македонија во НАТО

by fokus

Премиерот Зоран Заев вечерва објави видео во кое американскиот државен секретар Мајк Помпео го поздравува министерот за надворешни работи, Никола Димитров и му посакува добредојде во НАТО.

Во вториот дел од видеото Јенс Столтенберг се обраќа пред американскиот Сенат и зборува дека годинава Северна Македонија го потпишала протоколот за членство во НАТО, на што доби аплауз од Сенатот. Потоа Столтенберг вели дека со помош на Сенатот Македонија ќе стане 30тата членка на НАТО.

 

Поврзани новости