Турскиот гигант Фенербахче, вечерва и официјално го промовираше македонскиот фудбалер, Езгјан Алиоски во ново засилување.
Тој во новата сезона во турскиот клуб ќе игра на позајмица од Ал Ахли, каде што настапуваше во изминатата сезона и ќе биде втор македонски репрезентативец кој ќе го носи дресот на овој турски гигант.
Ailemize hoş geldin Ezgjan Alioski! 💛💙 pic.twitter.com/pjXy0izHRW
— Fenerbahçe SK (@Fenerbahce) August 2, 2022
Претходно од 2017 до 2019 таму играше нашиот „бисер“ Елиф Елмас, пред неговиот трансфер во калчолигашот Наполи.