Веспрем го нокаутира немоќниот Вардар во Скопје

by Fokus

Актуелниот европски првак Вардар немаше сили да се надигрува со Веспрем и европскиот шампион дома доживеа убедлив пораз од 29-38 во последниот натпревар за оваа година во Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ лошо го почнаа мечот, а во првите минути Веспрем имаше водство од високи 9-2. Екипата од Скопје со многу мака ги креираше своите напади, а на полувремето се замина со резултат 22-15 за Веспрем.

Во второто полувреме се продолжи со исто темпо, а „вардарци“ никако не успеваа да ги сопрат налетите на гостинот и гол-разликата беше константно висока.

Конечниот резултат на крајот на натпреварот беше 38-29 за Веспрем.

Поврзани новости