Весковски: Од понеделник нова автобуска линија за жителите на Жданец и Трнодол

by fokus

Од понеделник се отвора новата автобуска линија со број 29, која ќе сообраќа од Жданец, преку Трнодол, до Карпош 3 („Сити мол“) и обратно со почетна/крајна станица во Жданец, на улица „Жданец“, а во Карпош 3 на улица „МАНАПО“, на почетно/крајната станица на линија 7 и 59 кај „Сити мол“, најави кандидатот за градоначалник на СДСМ за Карпош, Душко Весковски.

-Жданец и Трнодол добиваат нова автобуска линија која почнувајќи од понеделник, 25 октомври ќе профункционира на барање на жителите на Жданец и Трнодол, за да им се олесни пристапот до централниот дел на општината и градот, а истовремено и како предлог решение за организиран јавен превоз од/до посочените населени места, имајќи го во предвид проектот за новата мрежа на линии од јавниот транспорт во градот Скопје, изјави Весковски.

Поврзани новости